Лиам Галагер беше исфрлен од црква поради прекумерна пот

од Vladimir Zorba

Скандалозниот британски рокер Лиам Галагер минатата недела беше исфрлен надвор од црквата поради неговата прекумерна пот. Во интервју за последното издание на списанието, Г.К. Галагер споделил дека го посетил локалниот верски храм по неговото редовно утринско џогирање минатата недела. Меѓутоа, неговото присуство било непожелно поради неговата  пот.

“Минатата недела бев избркан од црква. Беше недела и пред тоа бев отишол да трчам. Седнав најназад и испарував. Од мене буквално излегуваше чад. Одеднаш некој однапред рече” Извинете, излезете надвор “и јас си излегов”, раскажа Галагер кој е познат како поранешниот вокал и гитарист на групата “Оејзис”.

Но, 45-годишниот пејач призна дека за ништо во светот нема да се откаже од неговата омилена навика за трчање и признава дека ако промаши уште еден ден, тој станува “невротична домаќинка”.

Запрашан каква е неговата последна мисла во вечерните часови, Галагер одговара: “Како немам трпение да се разбудам и да одам да трчам. Го сакам тоа. Кога трчам се чувствувам над енергичен – како да сум дел од (комичен) скеч на Моркамб и Вајз. Кога пропуштам станувам одвратна невротична домаќинка. Што дефинитивно не е добро “, открива рок изведувачот.

Слични содржини