Либанскиот хирург зборуваше за тоа како огромниот број на тешки, телесни повреди предизвикани од нападите со експлозивни уреди, го принудиле да се однесува „роботски“, за да може професионално да продолжи со својата работа. Хирургот Елиас Џарадех изјави дека лекувал жени и деца, но дека повеќето пациенти биле млади мажи, а исто така вели дека поголем дел од пациентите биле со тешки телесни повреди, како и дека многумина го изгубиле видот и на двете очи.
Помеѓу мртвите и повредените во Либан, се наоѓаат и борците на Хезболах – вооружената група, поддржана од Иран, која со месеци разменува прекугранични напади со Израел, а Велика Британија и САД го сметаат Хезболах за терористичка организација.
Помеѓу убиените и повредените во последните напади врз Либан, се наоѓаат членовите на семејствата на припадниците на Хезболах, но и случајните поминувачи, а Џарадех вели дека најголем дел од ранетите којшто ги лекувал биле цивили.
За овие бомбашки напади врз Либан, во коишто загинаа 37 луѓе (вклучувајќи и две деца), главно е обвинет Израел, но кој сè уште ја нема прифатено одговорноста за нападите.
Хирургот Џарадех, којшто е и застапник на парламентарниот блок „Промена“ работи во специјализираната болница за очи и уши, во којашто биле третирани ранетите со најтешки повреди.
„И да, многу е тешко, мораш да се дистанцираш. Помалку или повеќе ти си робот. Мораш да работиш, а одвнатре си длабоко повреден. Ја гледаш твојата повредена нација“, вели Џарадех.
Хирурзите како Џарадех, речиси 24 часа без прекин за да им помогнат на ранетите, од коишто многумина го изгубиле видот или екстремитетите, изјави за „BBC“ државниот министер за здравство.
Министерот за здравство, Фирас Абиад, исто така изјави дека повредите ќе го сменат животот на жртвите. „Тоа е нешто што за жал ќе бара долг период на рехабилитација“, вели Абиад.