„За 10 проценти ги зголемивме гласовите на овие избори во однос на претходниот пат. Сепак, тоа не е доволно, бидејќи целите на „Преродба“ се многу повисоки. Се зголемува довербата во нас во 15 региони во Бугарија, ние сме втора политичка сила“, изјави лидерот на бугарската партија „Преродба“ Костадин Костадинов за состојбите на политичката сцена таму, по изборите.
Според него, прашањето дали ќе има влада воопшто не е на дневен ред. „Влада сигурно ќе има“, изјави тој и појасни дека ќе ја формираат најмалку четири партии, но нема да трае многу долго.
„Нема дилема дали ќе има влада. Останува само да видиме со кои учесници ќе се создаде“, нагласи Костадинов.
Лидерот на партијата стои на ставот дека Бугарите не се уморни од избори и покрај тврдењата што беа изнесени во текот на кампањата.
Бугарските граѓани не се уморни од гласање, очајни се дека можат нешто да сменат со својот глас“, рече Костадинов.
Како главна цел на партијата, Костадин Костадинов ја истакнал заштитата на националниот интерес. Тој потсети дека треба да се зачуваат термоцентралите и да се укине „зелениот договор“. Тој уште еднаш категорично се изјасни против еврозоната и за зачувување на бугарскиот лев, пренесува БГНЕС.