248
Парламентот на Литванија едногласно усвои резолуција со која се бара воспоставување зона на забранети летови над Украина, придружувајќи се на апелот на неколку земји од ЕУ, како Естонија и Словенија.
Во резолуцијата се наведува дека зоната на забранети летови ќе им овозможи на мировните сили на Обединетите нации да ја гарантираат безбедноста на хуманитарните коридори и безбедноста на украинските нуклеарни централи, како и објектите за складирање на нуклеарен отпад, пренесуваат медиумите.