244
Украина за неколку дена ќе добие противвоздушни ракети „Стингер“ од Литванија, најави литванската премиерка Ингрида Шимоните за време на посетата на Киев.
– Го зголемуваме бројот на воени инструктори во оваа земја и и обезбедуваме на Украина дополнително оружје и опрема. Противвоздушните ракети Стингер ќе пристигнат во Украина во наредните денови. Се надевам и искрено сакам Украина никогаш да не ги користи, истакна Шимоните.
Украина доби голема воена помош од земјите-членки на НАТО во изминатите неколку недели, а пристигна и одреден континент на војници, откако Русија распореди повеќе од 100.000 војници во близина на границите на Украина.