Литванија ја прошири листата на санкционирани стоки преку својата територија до Калининград

од Stefanija Kuzmanovska

Литванија денеска го прошири списокот на стоки кои подлежат на мерките за ограничување на трговијата преку својата територија до руската енклава Калининград, како дел од постепеното воведување на претходно најавените санкции на Европската унија, објави портпаролот на литванската царина.

Списокот на санкционирани стоки од денеска вклучува и бетон, дрво, алкохол и индустриски хемикалии на база на алкохол, рече портпаролот, пренесува „Ројтерс“.

 

Слични содржини