Литванскиот претседател Гитанас Наузеда го повика германскиот канцелар Олаф Шолц да испорача борбени тенкови „Леопард“ на Украина и порача дека Германија треба да ја забрза испораката на оружје за Киев.
„Не сум на позицијата на канцеларот Олаф Шолц. Можам само да кажам што би направил на негово место: би испорачал тенкови“, рече Наузеда, цитиран од медиумската група „Функе“.
Во вторникот, Германија ја објави првата испорака на тешко оружје за Украина за да и помогне да се одбрани од руските напади, по неколкунеделен притисок дома и во странство да го стори тоа, а Наузеда рече дека Германија се движи во вистинската насока, но дека, ако сака да биде доследна, не може да стои на половина пат, пренесува Ројтерс.