Преселбата на Мохамед Салах во арапскиот фудбал на лето, иако само во најава, го натера спортското раководство на Ливерпул да реагира соодветно.
Наследникот исто така е Египќанец, открива „Билд“. Станува збор за дваесет и петгодишниот првотимец на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш, кој оваа сезона игра забележително.
Но „Црвените“ не се единствените заинтересирани за левото крило кое вреден 60 милиони евра.
Мармуш дојде во Ајнтрахт летово од Волфсбург и одигра 21 натпревар, постигна десет гола и запиша шест асистенции.