Индиските спасувачки екипи започнаа спасувачка операција со употреба на хеликоптери за извлекување на луѓето заробени во поплавите во хималајската држава Утаракханд, речиси два дена откако ненадејните поплави и лизгање на земјиштето убија најмалку четири лица, а десетици се водат како исчезнати.
Поплавите го погодија округот Утаракханд, популарна туристичка дестинација, каде што лизгањата на земјиштето и водата однесоа куќи и возила, а патиштата се урнаа или беа блокирани од камења, што им отежнуваше на спасувачките екипи да стигнат до погодените области, според Ројтерс.
„Операција за спасување со хеликоптер започна утрово во погодените области“, изјави главниот министер на државата, Пушкар Синг Дами, на социјалните медиуми, додавајќи дека екипите добиле прецизни инструкции за да се осигурат дека операцијата е ефикасна.
Според армијата и локалните власти, околу 200 луѓе беа спасени во вторник и среда, но се стравува дека многумина се уште се заробени или исчезнати.
Утаракханд често е цел на разорни поплави и лизгање на земјиштето, за што некои експерти ги обвинуваат климатските промени, пренесува Танјуг.