Лос уби маж во Алјаска кој се обидел да ги слика нејзините младенчиња

од Milan1
769 прегледи

Женка лос нападна и уби 70-годишен маж од Алјаска, кој се обидувал да ги фотографира двете новородени младенчиња на животното.

„Двајца мажи сакаа да ги фотографираат новородените лосови кога ги нападна нивната мајка. Тие се обидоа да бегаат, но лосот го уби Дејл Чорман од Хомер. Другиот маж не беше повреден”, изјави Остин МекДаниел, портпарол на Одделот за јавна безбедност на Алјаска.

Лекарите констатирале смрт на Чорман на местото на настанот. Во Алјаска, каде живеат околу 737.000 луѓе, живеат околу 200.000 лосови. Овие животни вообичаено не се агресивни, но можат да нападнат во случај на провокација или заштита на младенчиња, пишува „Ен-Би-Си њуз“.

Слични содржини