Го изгледав немонтираното интервју на Катица и ама баш ништо не ми се виде катастрофално, освен катастрофата што некој го изнел немонтираниот материјал. Главното прашање е со каква цел ?
Дилема ми е колку пари му платиле на тој што го извадил од МТВ, а и тоа е помалку страшното, бидејќи таму не се платени сите, немаат варијабили или екстра дневници и провизии.
Сепак пострашно е која му била целта на предавникот на куќата: да ја урива Јанева, да го урива СДСМ, да ја утепа уредничката Аргирова или да ја закопа водителката!?
Во МРТВ секогаш имало подлости, и тоа се на тие мрцини неработници, кои сакаат да бидат во скутот на некоја партија за да добијат нешто гага, дали функција или варијабила и ништо да не работат и толку.
Од новинарски аспект, стварно само тие кои не работеле телевизиско новинарство оваа им е бум. Прво се гледа дека Јанева е тремаџика, дека нема никакво искуство со медиуми и не била пред камера. Такви се сите, особено високи функционери и политичари кои немаат минутажа пред камера. Се сеќавам на многу претседатели, премиери, пратеници, судии, амбасадори… кои поминале во мојата кариера дека на почетокот биле исти, а дури потоа се опуштале со тек на време.
Една пратеничка од власта пред повеќе години кога јас ѝ земав изјави во собрание, распали да објаснува и онака по дијалект зборуваше 5 минути, и одеднаш застана и ми вели- „Еваа, а ја не знам што казах“. Мислам лупаше жената од трема, нормално ниту ја пуштив ниту па помислував да го емитувам тој материјал, а таа замисли координаторка. Во вториот обид беше поприбрана и извадив едно парче а другото го парафразирав, нормално битен ми беше ставот на партијата, а не како го интерпретираше таа.
Поделени прашања… за ова освен Љубчо Георгиевски сите гости кои биле и сум ги снимал и во живо, барале прашања. Никогаш не сум им ги давал, затоа што и да сум им испратил, не сум одел по нив затоа што муабетот диктира друго темпо, па така престанаа и да бараат.
Легитимно е да се знае за кои теми се зборува ама конкретни прашања со конкретни одговори се познава дури и да не беше овој украден материјал од барабите на власта.
Да се каже дека само оваа интервју се снимало вака е перверзна невистина. Најголем број и новинари и политичари, па и искусни читаат и прашања и одговори поради стрес или трема, најголем дел гости исто така се под стрес повеќе од камерата отколку од прашањата…и читаат од концептите кои ги направиле. Или ако сакате тоа е редовност во првите интервјуа, а ако не помине тогаш е она другото- секој не е за пред камера. Монтирање емисиии и интервјуа дали заради време, дали заради лош кадар е нормална работа. И јас не видов дека МТВ и уредничката сакаа да скријат или да ја направат попаметна Јанева- па се гледаше дека чита, но искрено не очекував да го крадат материјалот од монтажа и да му го дадат на Груевски, од тоа да прават приказна а не од кажаното.
А, колку за прашањата, па и Груевски и Трајковски и Црвенковски и Заев и добар дел лидери, министри и градочалници, сите барале, бараат и ќе бараат прашања. Па, овие сега ги измислија тематските прес конференции нели- нема прашања надвор од темата. И јас кога ми бараат изјави прашувам колку време имам, и што ќе ме прашаат. Дали сакаат изјава во 20 секунди или во 5 минути, дали е за вести или за емисија. Ама тоа е дел од занаетот телевизиски. А, замислете ја емисијата на Васко Ефтов ако не беше монтирана како би изгледала на пример?
Дајте во живо и нема монтажа, да, за тоа сум , ама колкумина прифаќаат да одат во живо, и колку простор за емисии дебати има, тоа си е друга тема.
Јас имам милиони снимки кои биле поефектни кога сум рекол дека не снимам, а сум снимал скриено зошто е разговор без трема, и сосем различен ефект кога ќе им кажам дека ги снимам и дека е пуштена камерата. За исти човек, на исто прашање.
Значи не откривме топла вода, да не забегуеме.
Ја разбирам и тремаџиката Јанева, сакајќи да не погреши во тоа законите и обвинувањата сакаше да ги прочита, а тоа и одземаше внимание- требало нејзините и продуцентот да ѝ го кажат тоа, да ја опуштат и дека еклузивата е во тоа кажаното , а не во фризурата и новата блуска. Е не можат сите да бидат слободни пред камери и микрофони тоа го знаат сите, кои настапуваат. Така што ако сакаме да манипулираме и лажеме и фрламе кал врз МРТВ, Јанева, Аргирова, тогаш фрлајте, а ако сакаме да го казниме виновникот, тој партискиот војник на власта кому не му е местотото во медиум, најмалку во државниот, и кој мора да знае дека мора да се работи за дигнитетот на куќата која му дава плата, а со тоа и за државата, а не за власта или партијата која го платила. Партијата не е држава, уште помалку власта- државен интерес е нешто друго.
Јанева воопшто не ми е битна како изгледаше, како се шминка, дали е дебела или слаба, дали чита, пишува или препишува туку дали законот ќе го тера во судницата. Како ќе поминат обвиненијата, дали се стокмени врз база на докази или рекла- казала, а таа тоа чинам го кажува или чита сеедно, многу прецизно . Е тоа очигледно не е добрата вест, за тие кои го објавија видеото.
Фејсбук статус на Драган Антоновски (Dragan Antonio)