Лоши вести: Елмас и Костадинов го пропуштаат првиот натпревар од баражот

од Nikola Popovski

Откако цела Македонија го слави историскиот пласман на нашата фудбалска репрезентација во баражот за СП во Катар 2022, одекна и една прилично лоша вест. Нашата селекција ќе мора да го одигра првиот натпревар во март без првотимците Елиф Елмас и Тихомир Костадинов.

Вечера тие заработија втори жолти картони на дуелот со Исланд, а правилото на ФИФА е дека картоните не се бришат, па оттаму ќе мора да паузираат еден натпревар.

Според правилата, 12-те европски репрезентации кои ќе обезбедат пласман во баражот, ќе бидат поделени во три групи со по четири селекции и ќе се игра по принцип на елиминација.

Првата средба за нашите е закажана за 24 или 25 март следната година, против противник кој ќе го дознаеме во петок на ждрепката во Цирих.

Слични содржини