Луѓе скокаа од траект во море поради пожар

од Симе Стоиков
209 прегледи

Патници во паника скокнале во морето за да се спасат од пожар на траект во тајландскиот залив во четвртокот рано наутро.

За среќа сите 108 лица кои биле на траектот се безбедни.

Фериботот во текот на ноќта од провинцијата Сурат Тани требаше да пристигне во Кох Тао, популарна туристичка дестинација на тајландскиот брег, кога еден од патниците одеднаш слушнал пукање и почувствувал мирис на чад.

Мејтри Промјампа рече дека видел чад и оган пет минути подоцна, и тогаш луѓето ги фатила паника.

„Едвај ги добивме елеците за спасување на време. Беше хаотично. Луѓето плачеа, плачев и јас“, вели Промјампа.

Од 108 лица на траектот, 97 биле патници, изјави претставник на Сурат Тани. Покраинскиот оддел за односи со јавноста објави дека сите луѓе на траектот се спасени.

Маитре, жител на Сурат Тани, кој често патува на работа во Кох Тао, рече дека неколку чамци дошле до нивно спасување околу 20 минути откако повикале помош.

Сепак, како што рече, чамците не можеле да се приближат до траектот поради страв од експлозија. Тој рече дека луѓето морале да скокаат во морето за да се спасат.

Официјални лица соопштија дека пожарот е ставен под контрола. Причината се истражува.

Слични содржини