Луѓето шокирани од цената на пицата во Хрватска: „Попрво за тие пари ќе одам во Италија“

од Milan1
772 прегледи

Еден корисник на Редит, кој напиша дека цените во Хрватска се астрономски и објави три фотографии од менито на сплитски ресторан, прашувајќи се: „Дали ќе биде вака во секој ресторан во Сплит“?

Она што ги шокираше сите беа цените на пиците во рестораните. Во Сплит ќе платите 13 евра за најобичната пица , маргарита, 15 евра за пица со феферони и 17 евра за капричиоза, како и за вегетаријанска пица.

Доколку сте расположени за нешто поразлично и нарачате пица со ракчиња или пршута, за тоа ќе треба да издвоите дури 19 евра.

– Пица во Неапол чини најмногу 6 евра, напиша на ова еден корисник на Редит, додека друг додал дека неговиот пријател бил во Рим и дека цените биле пониски отколку во Сплит.

– Во Италија зимава пиците во ски-центарот беа околу 10 евра, има летови за Неапол, 19 евра во двата правци. Попрво би се качил во авион и да одам во Неапол на три дена и да јадам пица со врвен квалитет , напишаа незадоволните луѓе на Редит.

Слични содржини