241
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко зборуваше за развојот на операцијата во Украина и рече дека се надева наскоро да има мир.
Лукашенко рече дека верува оти операцијата во Украина наскоро ќе заврши.
„Доколку Киев не го потпише договорот со Москва, тогаш ќе мора да го потпишат чинот на предавање“ изјави Александар Лукашенко.
Претседателот на Белорусија рече дека ако Украина продолжи да ја провоцира Белорусија, Минск ќе одговори.
Исто така, Лукашенко изјави дека Русија нема да загуби во конфликтот со Украина и дека Москва му нуди на Киев апсолутно прифатлива верзија на договор.