Лукашенко: Да седнеме на маса и да ја завршиме војната во Украина

од Milan1
28 прегледи

Во услови на офанзива на украинските војници во областа Курск, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека е неопходно да се седне на преговарачка маса за да се стави крај на војната во Украина, пренесува украинската новинска агенција РБЦ.

„Ајде да седнеме на преговарачка маса и да ја завршиме оваа борба. Ниту на украинскиот народ, ниту на Русите, ниту на Белорусите не им треба. Не можам да цитирам некои изјави, а за нив зборуваат високи луѓе. Тие сакаат сите да умрат во овој котел на војна“, рече тој.

Белорускиот претседател смета дека „поединци со американско потекло“ сакаат продолжување на војната во Украина.

„За ова зборуваат високо-позиционирани луѓе. Тие се со американско потекло. Дали е ова нормално? Сакаат да се уништиме еден со друг“, рече Лукашенко.

Слични содржини