Лукашенко оди во Русија на средба со Путин

од Симе Стоиков
200 прегледи

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ќе престојува во работна посета на Русија на 11 и 12 април на разговори со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денеска Кремљ.

Страните планираат да разговараат за клучните прашања поврзани со идниот развој на билатералната соработка, вклучително и спроведувањето на одлуките донесени на состанокот на Врховниот државен совет на Унијата на државите Русија и Белорусија, се наведува во соопштението.

Како што соопштија од прес-службата на претседателот на Белорусија, Лукашенко ќе се сретне очи в очи со Путин на 11 април. Шефовите на држави ќе разговараат за „соработката меѓу двете земји на различни полиња, како и за прашања кои бараат внимание на највисоко ниво, а фокусот ќе биде ставен на регионалната и меѓународната ситуација и начините на координирање на акциите за одговор на постоечките закани и предизвици“.

Прес-службата на претседателот на Белорусија соопшти и дека на 12 април се очекува двајцата претседатели да учествуваат на заеднички настан посветен на Денот на космонаутиката.

Слични содржини