342
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека по заедничките воени вежби побарал од неговиот руски колега Владимир Путин да задржи дел од руските сили во Белорусија.
„Побарав од рускиот претседател да задржи дел од руските сили во областа Гомел. Но, ние никогаш не планиравме војна со Украина, ниту се сомневавме дека би можеле да бидеме загрозени од тој правец и никогаш не сме стационирале ниту една воена единица таму”, изјави Лукашенко на денешната седница на Советот за безбедност .
Лукашенко оцени дека „на Западот му е потребен вооружен конфликт” за да може да ја обвини Русијa.