Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека не ја исклучува можноста САД да се обидат да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина за време на преговорите за Украина.
„Не знаеме што сакаат САД. Ова го велам затоа што сум апсолутно навлезен во овие прашања. Не знаеме што ќе бараат од Русите за завршување на војната и слично. Ми се чини дека сега ќе се обидат да ги свртат Русите против Кинезите“, рече Лукашенко, пренесе неговата прес-служба.
Лукашенко порача дека Русите не смеат да го дозволат тоа, пренесе Интерфакс. Белорускиот претседател оцени дека на Белорусите ќе им биде тешко да се натпреваруваат економски со американските и европските компании доколку се постигне договор за нивно враќање на рускиот пазар, но посочи дека сите имаат потреба од прехранбени производи.
Кина изрази поддршка за иницијативата на американскиот претседател Доналд Трамп за постигнување договор со Русија за ставање крај на војната во Украина за време на состанокот на Г-20 во Јужна Африка, додека сојузниците на САД застанаа на страната на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави Ројтерс. Американската администрација вчера објави дека се согласила да ги обнови разговорите со Русија за завршување на речиси тригодишниот конфликт, по 4,5 часа разговори во Саудиска Арабија, пренесува Танјуг.
Русија рече дека разговорите биле корисни, но таа ги заостри своите барања, особено инсистирајќи дека нема да го толерира приемот на Украина во НАТО. Трамп во средата го нарече Зеленски „диктатор“, добивајќи поддршка од членките на Г20, како што се Австралија, Германија и Обединетото Кралство.