166
Белорусија не сака да војува, но се подготвува за војна, изјави претседателот на таа земја Александар Лукашенко.
„Се подготвуваме за војна, искрено ви го кажувам тоа. „Ако сакате мир, подгответе се за војна“ гласи пораката што не ја смислив јас, туку си постои“ истакна Лукашенко
Тој истакна дека во земјава се обучуваат единици, а на вооружените сили и се доставуваат различни видови оружје и опрема.
Во исто време, Лукашенко изјави дека ако непријателските земји ја критикуваат Белорусија, тоа значи дека земјата прави се како што треба.
Притоа, Лукашенко истакна дека „Минск никому не се заканува и не сака туѓа земја“.
Белорусија почна воени вежби во регионите кои граничат со Украина и членките на Европската унија Литванија и Полска.