Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги отфрли тврдењата на опозицијата дека руски војници ја окупирале Белорусија доаѓајќи на заеднички вежби, нагласувајќи дека никогаш нема да дозволи да се случи такво нешто, пренесува агенцијата Белта.
„Никогаш не сум се спуштил на тоа ниво да се расправам со моите противници и ривали, но денеска, кога го добив извештајот, се изненадив кога прочитав дека „Белорусија е окупирана“. Јас како врховен командант тоа не го забележав. „Можеби не ме информиравте дека се случила „окупацијата на Белорусија“, иронично праша Лукашенко, обраќајќи му се на претседателот на Државниот граничен комитет на Белорусија, Анатолиј Лапо.
Белорусија може да одговори на заканите на претставниците на американскиот Стејт департмент што и беа испратени, рече Лукашенко.