Лукашенко: Западот сака да испрати војска во Белорусија

од Симе Стоиков

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека целта на Западот е да освои „барем дел“ од белоруската територија и таму да испрати свои војници.

„Се води информациска војна, пред се во медиумите. Економска војна, не може поинаку да се нарече. Правиме се за да ја спасиме земјата од пеколна војна. Засега успеваме во тоа. Мислам дека ќе успееме да го решиме тој проблем, да не дозволиме конфликт, како што отсекогаш било на територијата на Белорусија“, рече Лукашенко.

Белорускиот лидер го привлече вниманието на тоа дека иницијаторите на западните акции се белоруски опозиционери кои се иселија на Запад.

„Апсолутно знаеме што прават таму. Тие трчаат по разни центри за одлучување и по разни советници, од Америка до Брисел, барајќи пари. А најважното е: „Дајте им на медиумите, на медиумите, на медиумите!’ На што нивните ментори им велат: „Момци, веќе бевте во медиумите, потребно е нешто пожестоко. Како московскиот „Крокус Град“, не дај Боже, терористички напади. И вооружениот конфликт во Белорусија“, рече Лукашенко.

Слични содржини