„Размислувам за се. Многу сум болна. Болна сум и не можам да се грижам за децата на Ана. Не можам да се грижам за едно, а камоли за сите три деца“, вели Миланка Љубичиќ, мајката на Ана Волш, која исчезна на новогодишната ноќ во Америка.
„Многу сум болна и не можам да ја прифатам оваа одговорност. Не можам да се грижам за едно дете, а камоли за трите. Особено што не зборуваме ист јазик, тие не знаат српски, а јас не знам англиски. Не знам дали сестрата на Ана ќе ја преземе таа улога, но сега чекаме да видиме официјални информации од американската полиција“, вели Миланка за Блиц со болка во гласот.ес
Да потсетиме, Ана Волш исчезна во ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари. Нејзиниот сопруг Брајан Волш ја пријавил како исчезната дури три дена подоцна. Истрагата утврдила дека тој ја попречувал истрагата, а во подрумот од куќата биле пронајдени траги од крв и крвав нож. Исто така, на депонијата биле пронајдени крвави партали и тепих, а американската полиција се сомнева во најлошото сценарио. Брајан Волш е во истражен затвор, каде го чека епилогот од истрагата.