Мадуро: Новата светска војна веќе започна

од Milan1
319 прегледи

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро денеска оцени дека новата светска војна е веќе започната, но дека сега е од економска природа.

Мадуро објасни дека целта во оваа војна е да се „задуши“ целата земја и регионот и да се предизвика нестабилност во снабдувањето со суровини, храна и енергија.

Според него, оваа војна може да премине од економска фаза до вистинска вооружена конфронтација со ризик од употреба на нуклеарно оружје.

„Јас бев еден од оние кои од почетокот не ја исклучија можноста Украина да има оружје за масовно уништување насочено кон Русија. Во светот постои реална опасност од нуклеарна војна. Венецуела ја повикува светската заедница на разум“, заклучи Мадуро.

Слични содржини