Овогодишната титула за најубава личност на светот според списанието „Пипл“ ѝ припадна на познатата актерка Деми Мур (62).
Од 1990 година, списанието „Пипл“ (People) ги избира најубавите луѓе во светот со цел да ги доближи своите читатели до познати личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со пример. Преку овој престижен избор, низ годините беа претставени бројни холивудски ѕвезди, вклучувајќи ја првата ѕвезда на насловната страница Мишел Фајфер, а подоцна и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.
По големиот успех во хорор филмот „The Substance“, во кој таа ја толкува улогата на жена опседната со вечна младост, Деми за списанието „People“ зборуваше за својот поглед на убавината.
„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во сопствената кожа“, рече Мур.
Исто така, Деми истакна дека, по години поминати под притисок да изгледа совршено, конечно пронашла поздрав и порелаксиран став кон сопственото тело и живот. Таа рече дека вистинската убавина не е во годините или изгледот, туку во тоа да бидеш свој и да се грижиш за себе со љубов.
Минатата година, оваа ласкава титула ја понесе актерката Софија Вергара (51), која исто така отворено зборуваше за предизвиците и личниот раст.
„Животот не бил секогаш лесен, но никогаш не сум се чувствувала посилна“, рече Вергара.
Таа додаде дека мудроста доаѓа со годините и дека денес помалку се грижи за тоа што луѓето мислат за неа. Таа, исто така, се осврна на разводот од Џо Манганиело, нагласувајќи ја важноста од давањето од себе во врските и да се биде тука за партнерот, особено во тешките периоди од животот.
За потсетување, списанието „Тајм“ неодамна состави и листа на 100-те највлијателни луѓе во 2025 година, а на неа беа вклучени личности од различни сфери на дејствување.
На листата во категоријата „икона“ се издвојува актерката Деми Мур, која годинава за прв пат беше во трка за Оскарот за главна улога, но и покрај предвидувањата, не го освои. Сепак, пред Оскарите, таа освои Златен глобус за истата улога.