Молдавската претседателка Маја Санду ја обвини Русија дека се обидува да изврши државен удар во нејзината земја, пренесува ТАСС.
Во изјавата објавена по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, таа наведе дека „Москва се обидува да ја контролира Молдавија“ преку енергетска уцена, поддршка на протести, кампањи за дезинформации и „дури и обиди за државен удар“.
Покрај тоа, Санду му се заблагодари на Макрон за поддршката на актуелната влада на Молдавија и нудењето финансиска и воена помош. Посетата на Санду на Париз ѝ донесе на Молдавија договори за воена и економска соработка.
Поранешната советска република Молдавија има мал буџет за одбрана и затегнати односи со Москва, пишува Ројтерс, а Русија има војници и мировници во Приднестровје, отцепен регион од Молдавија кој веќе три децении ужива автономија поддржана од Кремљ.