Мајката, чичкото и братот се осомничени за убиството на девојчето Нарин во Турција, мотивот љубовна афера?

од Milan1
120 прегледи

Поминаа четири дена откако телото на малата Нарин Гуран беше пронајдено во поток, а ситуацијата околу овој случај се уште не се смирува.

Нејзиниот чичко Селим е именуван како главен осомничен за убиството на девојчето, а очите на јавноста се вперени и кон нејзината мајка и постариот брат.

Турските власти сега се фокусирани на три можни мотиви за убиство на девојчето.

Како најверојатен мотив за убиството со денови се зборува за љубовната врска меѓу мајката на Нарин, Јуксел и чичкото Селим. Се сомневаат дека малата Нарин можеби ги видела мајка си и чичкото во непријатна ситуација и затоа била убиена.

Сепак, чичкото Селим, кој инаку е во притвор, ја негира врската со Јуксел.

„Не сме во врска. Нарин е ќерка на брат ми“, одговори тогаш тој.

Според медиумите, се верува дека ситуацијата околу љубовната врска ќе се разреши кога експертите ќе ги вратат избришаните пораки од телефонот на мајката и чичкото.

Кога било пронајдено телото на девојчето, прво бил приведен братот на Нарин, Енес (18).

На неговата рака биле пронајдени отпечатоци од заби за кои полицијата се сомневала дека можеби ги направила неговата помлада сестра.

Се сомневаат дека Нарин можеби видела дека нејзиниот брат и неговите пријатели го малтретираат кучето и дека ја убиле за да не каже никому што видела.

Многумина во селото тврдат дека таткото на Нарин, Ариф и чичкото Селим имале многу лоши односи.

Наводно, Селим еднаш напишал на една социјална мрежа: „Ќе те натерам да доживееш таква болка…“ и дека пораката била наменета за неговиот брат Ариф.

Иако многумина веруваат дека чичкото можеби го убил девојчето за да му се одмазди на својот брат, тој на сослушувањето во полиција негирал.

Според друга верзија, малата Нарин била задушена од нејзиниот брат бидејќи наводно го видела како консумира недозволени супстанци. Се сомнева дека мајката од почетокот знаела што се случило, но молчела за да го спаси синот.

Откако наводно ја убил својата сестра, Енес го повикал својот чичко, началникот на селото, да му помогне да се ослободат од телото.

Се сомнева дека семејниот совет одлучил да прикрие се за да не изгуби уште еден млад член од семејството. Во моментот на исчезнувањето на девојчето, нејзиниот татко не бил во селото.

Полицијата уште од почетокот добивала погрешни информации од роднините, поради што дел од нив биле уапсени поради попречување на истрагата.

Да потсетиме, занаетчија од селото, кој е меѓу 24-те уапсени во случајот со убиството на девојчето, вчера призна дека чичкото на Нарин му го дал телото да за се ослободи и дека му нудел пари за оваа услуга.

Да потсетиме, прелиминарните резултати од обдукцијата покажаа дека девојчето има повреди на вратот и скршеница на ногата.

Нарин исчезна на 21 август оваа година во областа Баглар во Дијарбакир, кога беше започната голема потрага.

Во рамките на истрагата, чичкото на Нарин беше претходно уапсен и осомничен за убиство со умисла, но семејството не верува дека нивниот роднина е виновен.

Откако Нарин Гуран беше пријавена за исчезната, започна копнена и воздушна потрага во регионот. Како дел од истрагата, површина од 11.000 квадратни метри беше скенирана од 2.000 луѓе од земја и два хеликоптери и 48 дронови од воздух.

Исто така, 24 нуркачи пребарале пет потоци, три езерца, 18 бунари и 24 километри водени канали. Во рамките на претресот користени се и подземни уреди за снимање.

Слични содржини