Мајкрософт инвестира речиси три милијарди евра во Шведска

од Milan1
22,5K прегледи

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ објави дека ќе инвестира 33,7 милијарди шведски круни (2,9 милијарди евра) во проширување на бизнисот со „облак“ и инфраструктурата за вештачка интелигенција во Шведска.

Популарноста на генеративната вештачка интелигенција (AI) ја поттикна побарувачката за облак услуги, па технолошките гиганти како „Мајкрософт“ и „Амазон“ најавуваат милијарди долари инвестиции во изградба на центри за податоци во Европа.

Во ноември Мајкрософт најави инвестиции во центри за податоци во Велика Британија, а во февруари ги претстави плановите за Германија и Шпанија. „Тоа не е сè, но веројатно повеќе за плановите наесен“, рече претседателот на „Мајкрософт“, Бред Смит.

Слични содржини