Мајмунски сипаници се појавија и во Замбија и Гана

од Илинка Илиоска
24 прегледи

Уште две африкански земји пријавија случаи на мајмунски сипаници во изминатите шест недели, со што вкупно во 16 земји се регистрирани случаи на заболени, соопшти денеска во Женева, Светската здравствена организација (СЗО), јави ДПА.

Случаи на заболени се пријавени во Замбија и Гана за прв пат годинава, соопшти СЗО. Сомнителните случаи низ Африка се зголемија за 3,6 отсто на 36.787 до 6 октомври. Најпогодена земја годинава продолжува да биде Демократска Република Конго (6.169 потврдени случаи, 25 смртни случаи), следи Бурунди (987 потврдени случаи, без смртни случаи) и Нигерија (94 потврдени случаи, без смртни случаи)“, наведува СЗО.

Околу 85 отсто од сомнителните случаи се регистрирани во Демократска Република Конго, каде има се регистрирани повеќе од 6.000 заболеи. Медицинските експерти веруваат дека вистинската бројка е поголема.

Тие забележуваат дека само некои од оние со осип на кожата се тестираат и дека многумина не бараат лекарска помош од срам, пред се затоа што болеста на почетокот во голема мера се шири преку сексуален контакт.

Мајмунски сипаници се пренесуваат преку директен контакт со кожата или мукозната мембрана. Многу мали деца сега се заразени. Болеста предизвикува осип по целото тело. Нејзините симптоми вклучуваат треска и болки во зглобовите. Тоа може да биде фатално за малите деца и за луѓето со компромитиран имунолошки систем.

Кампањата за вакцинација беше започната во Демократска Република Конго на почетокот на овој месец, бидејќи стапките на инфекција нагло се зголемија низ Африка. СЗО ја прогласи сегашната епидемија за „итна здравствена состојба со меѓународна загриженост“.

Слични содржини