140
Во сообраќајна несреќа која вчера се случи во градот Слиема во Малта животот го загуби младиот Мартин Костов кој е по потекло од Чешиново, но подолг временски период животел и работел во Малта.
Семејството на Мартин се соочува со сериозни финансиски потешкотии и поради тоа апелираат за финансиска помош која може да се уплати на жиро сметката на Иван Костов, братот на Мартин.
Според објавата на фејсбук средствата се потребни за транспорт на телото на Мартин од Малта во Скопје.