Обдукцијата на телото на Бобан Р.(61) кој почина на 8 август по тепачка со поранешниот сопруг на неговата сопруга Горан С.(62) во војводинското село Врачев Гај, како што неофицијално, покажа дека неговата смрт настапила како резултат на срцев удар, а не од тепање.
Поради ваквите резултати, адвокатот на Горан С, кој доби притвор до 30 дена поради сомнение дека извршил убиство и и се заканувал со смрт на поранешната сопруга Верица В., бара тој да биде ослободен, објави Нова.рс.
Да потсетиме, трагедијата во која загина граѓанинот на Северна Македонија, Бобан Р, се случи на 8 август, по расправија меѓу поранешните сопружници за поделба на заедничкиот имот. Верица наводно објавила оглас за продажба на куќа во Вршац, која ја стекнале со заедничка работа во Италија, а тој бил против, бидејќи сакал тој имот да им го остави на нивните деца.
Сето тоа кулминирало кога Бобан Р се вклучил во нивната дискусија, а потоа дошло до физички конфликт меѓу двајцата мажи. Наводно се степале и во куќата и во дворот. Македонецот во еден момент паднал на бетонот, а Горан, според нашиот извор, продолжил да го удира.
Сето тоа се случувало во куќата на заеднички пријател, кој живее во населбата на Горан, и каде што тој ден дошле на гости Верица и Бобан.