Македонија и Белорусија единствени европски земји кои не гласаа „За“ Украинската резолуција

од Milan1
652 прегледи

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција, подготвена од Украина и спонзорирана од 27-те членки на Европската унија. Во резолуцијата руската инвазија во Украина се нарекува воена агресија, се дава поддршка на територијалниот интегритет на земјата, и се бара повлекување на руските војници.

Резолуцијата доби 93 гласа „за“, 65 воздржани, и 18 против. За резолуцијата гласаа сите европски земји дури и Србија, со исклучок на нашата земја која гласаше „воздржано“ и Белорусија која гласаше против. Освен САД против оваа резолуција беа земји како Буркина Фасо, Бурунди, Централноафриканската Република, Демократска Република Конго, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Нигер, Мали…

Инаку Македонија беше коспонзор на друга резолуција, поднесена од Соединетите Американски Држави.

САД вршеа притисок врз Украина да ја повлече нацрт-резолуцијата со која се бара итно повлекување на руските трупи од нејзината територија и наместо тоа, предлагаа своја верзија на документот, во кој не се споменува руската инвазија на Украина.

Украинците тоа го одбиле, а потоа Собранието додаде реченици во американскиот предлог со кои јасно се кажува дека Русија извршила инвазија на својот помал сосед со кршење на Повелбата на ООН.

Вака изменетата американска резолуција потоа помина на гласањето со 93 гласови „за“ и 8 против, како и 73 воздржани.

Слични содржини