163
Македонски државјанин е уапсен по грабеж во продавница во Ниренсдорф, Швајцарија.
Во петокот нешто по 16:30 часот, две лица најпрвин со остар предмет и се заканувале на благајничката, а потоа влегле во касата, земале пари и заминале во непознат правец. Тие набргу беа уапсени.
Едниот е 20-годишен македонски државјанин, додека другиот е 21-годишен швајцарски државјанин.
По распитот во полиција и двајцата се приведени во надлежното обвинителство.