Макрон бара на Украина да и се дозволи да користи западно оружје, Путин се заканува со нуклеарно

од Milan1
481 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека се залага на Украина да и се дозволи да напаѓа воените бази во Русија со оружје со долг дострел обезбедено од западните партнери. Западните лидери во голема мера се воздржуваа од преземање на овој чекор бидејќи постои ризик тој да го испровоцира рускиот претседател Владимир Путин кој пак се заканува дека ќе употреби нуклеарно оружје.

Макрон рече дека ставот на Франција е дека на Украина мора да ѝ се дозволи да неутрализира руски воени локации од кои истрелува проектили.

– Ако им кажеме на (Украинците) дека немаат право да ги гаѓаат местата од кои врз нив се истрелуваат проектили, ние всушност им велиме дека ќе ве снабдиме со оружје, но со него не можете да се браните, рече Макрон на прес-конференција за време на официјалната посета на Германија.

Западните лидери во голема мера се воздржуваа од преземање на овој чекор бидејќи постои ризик тој да го испровоцира рускиот претседател Владимир Путин, кој постојано предупредуваше дека директното учество на Западот може да го доведе светот на работ на нуклеарен конфликт.

Слични содржини