Макрон: Европа не смее да биде себична

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот претседател Емануел Макрон изрази солидарност со Италија, велејќи дека Париз е подготвен да му помогне на Рим да се бори со коронавирусот и дека Европа не треба да биде себична.


Макрон повика на посилна буџетска солидарност во Европа и ги предупреди Италијанците да бидат претпазливи кога зборуваат за помош од Кина или Русија за борба против вирусот.

„Франција е заедно со Италија“, рече Макрон во интервјуто за водечките италијански весници.

Тој потсети дека многу се зборуваше за кинеска и руска помош за Италија, но го постави прашањето зошто никој не велеше дека Франција и Германија доставиле на Италија два милиони маски и десетици илјади заштитни костуми.

Макрон истакна дека ова можеби не е доволно, но сепак е почеток.

„Не смееме да си дозволиме да бидеме отруени од она што го велат нашите меѓународни партнери и конкуренти“, рече францускиот претседател.

Макрон истакна дека Европа мора да се чувствува горда и силна затоа што тоа е, но дека се мора да се движи побрзо.

„Ова е токму причината зошто јас ја поддржувам буџетската солидарност во управувањето со оваа криза и нејзините последици“, рече Макрон.

Италија, една од најтешко погодените земји од оваа епидемија, остро ги критикуваше Франција и Германија, откако првично одбиваа да им обезбедат маски за лице и друга опрема.

Рим потоа се обрати кон Кина за помош, испраќајќи авион полн со маски и респиратори.

Слични содржини