Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник изјави дека европските земји треба „да го заострат својот колективен став“ кон Израел доколку не успее соодветно да одговори на хуманитарната ситуација во Газа.
Макрон, кој е во посета на Азија, на прес-конференција во Сингапур изјави дека Европејците мора да го заострат својот став кон Израел „доколку нема одговор што е пропорционален на хуманитарната ситуација што се развива во наредните часови и денови“ во Појасот Газа, објави телевизијата „БФМ“.
Францускиот претседател рече дека признавањето на палестинска држава „не е само морална должност, туку и политичко барање“, наведувајќи неколку услови за преземање таков чекор, пред конференцијата на Обединетите нации на оваа тема, на која ќе присуствува на 18 јуни.
Макрон сè повеќе ја критикува она што го нарече „срамна“ политика на Израел во Газа и неговата целосна блокада на помошта за палестинската територија, која неодамна беше делумно укината.
Како одговор, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го обвини Макрон дека е против Израел и дека е на страната на палестинската милитантна група Хамас, објави Танјуг.