Франција по неколку децении ќе започне со изградба на нови нуклеарни реактори како дел од напорите да ги исполни своите ветувања за намалување на емисиите што ја загреваат планетата, најави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон.
„За да ја гарантираме енергетската независност на Франција, да го гарантираме снабдувањето со електрична енергија на нашата земја и да ги постигнеме нашите цели – особено јаглеродната неутралност во 2050 година – ние, првпат по неколку децении, ќе ја оживееме изградбата на нуклеарни реактори во нашата земја”, рече Макрон во телевизиско обраќање до нацијата.
Тој не соопшти детали за плановите за изградба.
Франција е зависна од нуклеарна енергија повеќе од која било друга земја, но нејзините реактори се стари, а реакторите од најновата генерација доцнат со години.
Нуклеарната енергија произведува многу помалку емисии од јаглен, нафта или гас, но нуклеарните централи се многу скапи за изградба и создавање радиоактивен отпад кој останува смртоносен десетици илјади години.