Макрон ги повика главните партии да формираат владејачка коалиција

од Milan1
20 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги повика главните партии да ги здружат силите за да формираат солидно мнозинство во Националното собрание, во неговото прво јавно обраќање по предвремените избори во неделата, кои доведоа до ќорсокак на парламентот.

Изборите, кои Макрон неочекувано ги свика по поразот од екстремно десничарскиот Национален собир (РН) на европските избори во јуни, ја втурна Франција во неизвесност, со три политички дивергентни блока и без јасен пат до формирање влада.

Во писмото до регионалните весници, Макрон ги повика „мејнстрим партиите со републикански вредности“ да формираат владина коалиција и рече дека се надева дека ќе избере премиер од таква група.

Слични содржини