Макрон: Има агресор, а тоа е Русија; Туск: Зеленски и Украинците не се сами

од Milan1
72 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон вечерва по прекинатиот разговор меѓу претседателите на САД и Украина во Белата куќа изјави дека постои „агресор – Русија и луѓето кои се напаѓани во Украина“.

-Има агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина, изјави Макрон за новинарите во Португалија пред крајот на неговата посета на земјата.

„Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години и продолживме да го правиме тоа“, додаде францускиот претседател.

Реагираше и полскиот премиер Доналд Туск, кој на социјалната мрежа „Х“ им напиша на Зеленски и Украинците дека „не се сами“.

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ја прекина средбата со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Белата куќа, каде што двајцата требаше да потпишат рамковен договор за експлоатација на украинските минерални суровини.

Слични содржини