Макрон ја поздравува храбрата одлука на Бајден

од Milan1
26 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска испрати писмо до американскиот претседател Џозеф Бајден во кое му честита за храброста и одговорноста за неговата одлука да се повлече од изборната трка.

Без да го предвиди исходот од ноемвриските избори, Макрон изрази надеж за зачувување на историските односи меѓу двете земји.

– Ја ценам храброста, духот на одговорност и чувството за должност што ве доведоа до оваа одлука, вели францускиот претседател во писмото, чии делови објави Елисејската палата.

Бајден (81) вчера се повлече од претседателската трка, под притисок од стравувањата во партијата дека по исклучително лошиот ТВ дуел со републиканскиот кандидат Доналд Трамп, нема да може да го победи на изборите.

Слични содржини