33
Францускиот претседател Емануел Макрон во обраќањето до нацијата потврди дека ќе остане на функцијата до крајот на својот мандат, до мај 2027 година, еден ден по гласањето за недоверба на владата на Мишел Барние, кој денеска поднесе оставка, пренесе „Ројтерс“.
„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го користам до самиот крај“, рече Макрон во десетминутното телевизиско обраќање.
Тој додаде дека во наредните денови ќе именува нов премиер.
Меѓу другото, тој рече дека е неопходно новиот буџет да биде донесен на почетокот на следната година, како и предлог-законот да го подготви новата влада.
Тој истакна дека сите јавни служби и институции ќе работаaт без прекин.