Макрон најавува рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции

од Milan1
26 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон денес ќе објави рекордни 37 милијарди евра странски инвестиции на годишниот самит „Избери Франција“, во време кога економијата на земјата се соочува со висок дефицит, слаб раст и потенцијални трговски тензии со САД.

Најголемиот дел од оваа сума, околу 17 милијарди евра, веќе беше најавен на специјалниот самит за вештачка интелигенција одржан во февруари. Останатите 20 милијарди евра се однесуваат на нови проекти во Франција во областа на индустријата, енергетиката и дигиталната технологија, кои официјално ќе бидат претставени денес во Версајската палата, пред собраните директори на светските компании, објавува Блумберг.

Според информациите што ги објави Фигаро, меѓу најголемите инвеститори се германскиот Сименс, јапонскиот Панасоник, американскиот Амазон, како и саудискиот Арамко, кој планира да инвестира во истражување.

Слични содржини