Макрон: Нападот врз Aфроамериканецот е срамен за Франција

од Vladimir Zorba
185 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон во изјавата на својата Фејсбук страница рече дека фотографиите од нападите на полицијата врз човек од африканско потекло се „срамни“ за Франција.

По објавувањето на снимките од видео надзор, француските обвинители го испитуваат насилното апсење на музичкиот продуцент Мајкл Зеклер, кој рече дека бил малтретиран од полицијата на расна основа. Четворица полицајци се на распит. Наводниот напад врз Зеклер, кој се случил внатре во влезот на зградата, не бил снимен со камери за видео надзор, туку со мобилен телефон.

Овој музички продуцент пред новинарите изјави дека полицијата го нападнала на влезот во неговото студио. Како што рече, тој се движел по улицата без маска, што е против мерките воведени поради коронавирусот. Откако ги видел полицајците, тој влегол во студиото за да избегне парична казна. Според Ројтерс, полицијата го следела внатре и започнала да го напаѓа и да го малтретира.

Макрон рече дека побарал од владата да даде предлог за враќање на јавната доверба во полицијата, како и борба против сите форми на дискриминација.

Слични содржини