Францускиот претседател Емануел Макрон ги повика Европејците да ги зголемат своите годишни трошоци за одбрана на над три отсто од БДП, откако присуствуваа на вонредниот самит за Украина во Лондон.
Балтичките членки на НАТО и ЕУ веќе подолго време бараат зголемување на трошоците за одбрана на три проценти, што Емануел Макрон во својата неодамнешна изјава го потврди како оптимално трошење.
„Во изминатите три години Русите потрошија 10 отсто од својот БДП за одбрана. Мораме да се подготвиме за она што следува, со цел од три до 3,5 отсто од БДП“, рече Макрон.
Франција во моментов троши 2,1 отсто од БДП за одбрана годишно, што е едвај над потребните два отсто на НАТО, ниво што Париз го достигна само минатата година.
Европа се бори да го создаде и финализира својот одговор на новата американска политика кон Украина. Поради стравувањата за идната одржливост на НАТО, европските земји се обидуваат да ги зајакнат сопствените одбранбени капацитети.
Самитот на Европскиот совет посветен на одбраната и Украина е закажан за четврток, а лидерите на ЕУ се очекува да разговараат за начините за финансирање на зголемените воени трошоци.
Со цел масовно да се зголемат европските буџети за одбрана, францускиот претседател повика на пренасочување на дел од ресурсите на Европската унија во одбранбените фондови.
„Мораме да и дадеме мандат на Европската комисија да користи иновативно финансирање. Тоа значи или заедничко задолжување или Европскиот механизам за стабилност, од кои првенствено ни се потребни 200 милијарди евра за да можеме да инвестираме“, рече Зеленски.
Макрон, исто така, навести дека ќе предложи нов француски буџет за одбрана, и покрај тоа што нема парламентарно мнозинство за да го усвои.
„Ќе мораме да го ревидираме и зголемиме седумгодишниот закон за воено планирање“, рече Зеленски.