Макрон: Знам дека австралискиот премиер ме лажеше

од Milan1
309 прегледи

Знам дека австралискиот премиер Скот Морисон ме излажа, изјави Макрон коментирајќи ги тајните разговори меѓу САД, Велика Британија и Австралија за одбранбениот договор што доведе до распаѓање на договорот меѓу Париз и Канбера за купување 12 подморници во вредност од 55 милијарди евра.

„Дали мислите дека Скот Морисон ве излажал?”, го  праша Макрон, австралиски новинар на маргините на самитот на Г-20 .

„Не мислам туку – знам. Ќе разговараме, ќе видиме што ќе направи”, додаде Макрон, мислејќи на можноста Морисон да си ја врати довербата.

„Имам голема почит за вашата земја и многу почит и пријателство за вашиот народ”, рече францускиот претседател, но истакна дека „кога има почит, но тоа мора да биде обострано и да се однесуваме на начин што ги исполнува овие вредности”. Макрон го опиша самитот на Г-20 како успешен и плоден, „и покрај многуте поделби” меѓу земјите.