Малолетен мотоциклист тешко повреден во Тетово

од Radmila Tasevska

Во сообраќајна несреќа која се случила во Тетово, малолетен мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од МВР, во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Саво Тасевски“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Б.(31) од Тетово и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Џепчиште, тетовско.

Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Слични содржини