467
„Вчера во 20.25 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што околу 19.30 часот, со употреба на сила, одзел пари од аптека на бул.„Кузман Јосифовски Питу”. Кај него биле пронајдени парите и биле вратени на сопственикот. Во службен разговор во полициска станица, во присуство на претставник од Центар за социјални работи, тој го признал делото.
За случајот бил запознаен Јавен обвинител, а по негово целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.