Малолетник претепан пред училиште, со тешко повреди донесен во болница

од Milan1
422 прегледи

Вчера во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од село Чифлик, скопско.

„По преземени мерки било констатирано дека околу 12.30 часот пред основно училиште во с.Чифлик, а по претходна расправија на социјална мрежа, малолетникот бил физички нападнат од неколку малолетници, кои употребиле и тврд предмет“, соопшти МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.

Слични содржини