Доктор Вело Марковски, во вечерашното гостување во Канал 5, говори за големите трендови и лагите во кои живееме, кога се говори секојдневно за тоа дека секаде е исто. Неговите анализи говорат за тоа како европските држави се справуваат одлично со пандемијата, споредбено со нас, и во кратка анализа ги спореди бројките на мртви кај соседите, но и големите европски држави, како Италија и Шпанија, кои беа најпогодени од првиот бран, а сега се далеку поуспешни од нас во справувањето со Ковид кризата.
„Загрижува процентот на смртност кај нас. Сега Шпанија и Италија се подобри од нас, односно имаат помал процент на смртност. Ние имаме 626 умрени на 1 милион жители и 22540 заразни на 1 милион жители. 5000 помалце имаат Шведска, кои имаат минимални мерки. Ние со сите мерки, кои не се опструирани, не даваат резултати. Ние не ја следиме науката. Моите проценки беа реални. И тезата дека секаде е ист, е комплетно неточна. 4,5 пати помалку има Србија заразени и мртви споредбено со нас. Трендот е алармантен. Имаме разлика од 4000 лица заразени споредбено со големите европски земји. Шведска има подобар здравствен систем. Но, ние дефинитивно имаме организационен проблем. Кај нас треба министерот не може да се носи со овој проблем. Имаме Влада, која постапува добро, односно што ќе донесе министерот тоа го прифаќаат. Но, во оваа Ковид ситуација, требаше да се одбере човек од струката“, вели Маркоски во гостувањето во „Само Вистина“.
„Генерално, најголемата грешка е нашиот став дека ние ќе ја спречиме инфекцијата. Понатаму, грешка е паролата „Седете дома“. Маса на луѓе оставивме да не бидат прегледани од матичен лекар. Евидентно е дека кај повеќето мртви имаме бактериски пневмонии. Не смееме да дозволиме, граѓаните да не бидат прегледани. Ако немаме третман на пневмонија во прв терк, тогаш имаме голем број на смртност. Исто така, како проблем можам да го посочам и раното давање на антибиотици. Катастрофални последици може да има доколку некој со бактериска инфекција, тоа го говори науката, а не јас“, додава Маркоски
Докторот исто така, вели и дека кај нас треба да се анализира, со оглед на тоа дека имавме карантин и Вонредна состојба кога имавме 11 исполнети болнички капацитети. Тој вели, треба да се навикнеме на болеста, и треба да се запрашаме дали во овој процес се вклучени вистински личности. Ако продолжиме вака, ќе биде многу лошо.