Марковски: Ракетите што паднаа во Полска имаат домет од 75 километри и во никој случај не можеа да бидат истрелани од Русија или Белорусија

од Destan Jonuzi
192 прегледи

Ракетите што вчера попладне паднаа во Полска се наведувани од типот 5В55 со кои е вооружен 540-от ракетен полк на Украина кој се наоѓа во тој регион и со оглед на нејзиниот домет од 75 километри не можеше да не се насети дека такво нешто не може да направи ниту Белорусија, ниту Руската федерација, истакна воениот експерт Благоја Марковски во вечерашното издание на „Топ тема“ на Тв Телма.

„Затоа е добро што многу брзо се дојде до конечниот став и оценка дека овој инцидент е, сепак, предизвикан дали од нестручност или наменски од украинските вооружени сили. Без оглед на сета таа напнатост што траеше во текот на овие 24 часа, мислам дека е добро што се дојде до ваков резултат, што застанавме тука и ситуацијата не ескалира“, вели Марковски.

Но, сепак, треба да се има во предвид, додава тој, дека руските вооружени сили учествуваа во, според некои, во три, а според некои во пет ракетни напади врз територијата на Украина, и тоа врз енергетски системи што продуцираа во целост да бидат прекинати снабдувањата со електрична енергија, интернет и други енергенси во неколку региони во земјата.